Историски моменти за Dacia и за целата автомобилска сцена. Буџет-марката на Renault прави електромобилноста да биде достапна за сите. Мини СУВ-моделот Dacia Spring нуди простор за четворица патници и вози реално до 230 километри со едно полнење.

Колку што Tesla е историски значајна поради својата пионерска улога во електромобилноста, толку Dacia е значајна поради тоа што ќе направи возењето на струја да биде достапно за сите. Романската марка што досега бележи линија само право угоре, ќе ја нуди електричната Dacia Spring во три изведби: Патничка варијанта, службена варијанта, а од 2022 година и товарна изведба N1, без задна клупа, но со товарен простор од 1.100 литри.

По вклучувањето на државната субвенција, електричната Dacia на францускиот пазар почнува од 12.403 евра. При користење лизинг, месечната рата ќе изнесува 89 евра. Нарачките почнуваат на 20-ти март, испораките ќе почнат наесен.

За на целата европска сцена на електромобилноста да ѝ докаже дека електричниот мини СУВ со димензии на Suzuki Ignis и со сензационална цена е реалност, Dacia ќе организира кампања во пет европски метрополи. Spring ќе донесе „електрична пролет“ и ќе вози по улиците во тие пет метрополи за сите да ја забележат и да станат свесни за новата реалност на автомобилската сцена.

Технички податоци · Dacia Spring

Должина 3734 mm
Меѓуоскино растојание 2423 mm
Ширина 1579 mm
Висина 1516 mm
Растојание од подлога 151 mm
Ширина на трага напред / назад 1385 / 1365 mm
Багажник 290 литри, со соборена клупа 620 литри
Електромотор 33 kW (44 КС) при 3000 – 8200 / min
Вртежен момент 125 Nm при 500 – 2500 / min
Батерија, номинално 27,4 kWh
Тежина на батерија 186 kg
Гуми 165/70 R14
Највисока брзина 125 km/h
0-50 km/h за 5,8 s
0-100 km/h за 19,1 s
Меѓузабрзување од 80 – 120 km/h ѕа 26,2 s
Досег во град 305 km, просек 230 km
Потрошувачка во град 100 Wh/km
Тежина 970 kg
Дозволена вкупна тежина 1300 kg

Времетраење на полнење
Обичен ѕиден приклучок 13h32min
Ѕиден полнач 3,7 kW за 8h28min
Ѕиден полнач, 7,4 kW за 4h51min
Брз полнач DC 125A до 80% за 0h56min