Целосната ознака на моделот гласи Toyota GR Supra Harama Racetrack Edition, кој однадвор се препознава по хоризон-сината каросерија, кованите тркала од 19 инчи во мат црна боја и по седиштата обложени со алкантара, со сини штепови.

Именувана според прочуената тркачка патека во Шпанија, Toyota GR Supra Jarama Racetrack ќе се изработи во серија од само 90 примероци, кои ќе бидат достапни само во Европа. Моќноста на 3,0-литарскиот шестцилиндарец е непроменета, со 340 КС.

Посебен панел од карбон во кокпитот укажува дека станува збор за примерок од специјалната серија, секако со бројот на секој примерок во мини-серијата и со мапа на патеката Харама.

Сцената во меѓувреме научи да ги цени возните својства на купето на Toyota со легендарното моделско име. Тие се базираат на т.н. златен размер меѓу ширината на трагата и кусото меѓуоскино растојание. На тоа се надоврзуваат ниско тежиште, лесна и крута каросерија и аеродинамичка ефикасност. За подвозјето може да се избира меѓу нормален и спортски режим. Активен диференцијал е стандард, заедно со спортски дотерано управување и со моќни сопирачки Brembo со четириклипни клешти од алуминиум и дискови од 348 mm.

https://photos.app.goo.gl/gLWHzm9Ub8GagKHf9

Турбо-бензинецот од партнерот BMW е комбиниран со осумтепен автоматик. При користење на системот за брз старт, спринтот до темпо сто трае 4,3 секунди. За возливоста придонесува и тоа што 500 њутнметри се сервирани во целото работно подрачје од 1.600 до 4.500 вртежи.

Цената и останатите детали ќе бидат објавени подоцна. Сосем е извесно дека и останатите моделски серии ќе почнат да добиваат сличен третман. Можеби следен ќе биде Yaris, уште GR Yaris,

https://photos.app.goo.gl/n7LmEL5DmcvCaLJD8

https://photos.app.goo.gl/aLf4UhZFKEHaGbDd7

>>> Toyota GR Yaris е британски автомобил на годината