Škoda Octavia е бестселерот на чешката марка и не е само „локален“ феномен, туку минува исто насекаде низ светот. Посебно за пазарот во Кина, каде што се продадени 1,4 милион примероци од моделот, на купувачите им стои на располагање втора изведба, со продолжена каросерија.

Octavia Pro ја дополнува понудата за популарниот модел на Škoda и ќе се нуди како дополнителна изведба. Сето тоа се должи на традиционалната „слабост“ на купувачите во Кина, кои посебно ценат кога има екстра простор на задната клупа.

Octavia Pro за кинескиот пазар е подолга за 64 милиметри од класичната изведба на Octavia од тековната генерација. Со 2.730 милметри, меѓуоскиното растојание е подолго за 44 милиметри. Да не остане само на екстра просторот во кабината, браниците исто така се сменети во споредба со стандардниот модел. Тие имаат подинамичен стил и изгледаат слично како кај спортската Octavia RS.

Продолжената каросерија уште повеќе го нагласува купе-елементот во страничната силуета на Octavia Pro. За динамичната појава на автомобилот придонесуваат и црниот покрив, црните капи на ретровизорите и тркалата со пречник до 18 инчи.

New item by Automedia MK / Google Photos

Škoda Octavia Pro е светски шампион во просторот на задната клупа. Сите 44 милиметри од дополнителното меѓуоскино растојание одат во корист на патниците на задната клупа. Други значајни ставки за Кинезите се големината на дисплеите и можноста за поврзување и користење услуги. Во средината на кокпитот тронува дисплеј од 12 инчи, вклучувајќи и врвен инфо-забавен систем. Возачките и визачите ќе можат да користат и низа онлајн-услуги, од кои повеќето се достапни само локално. Додека европската изведба стадардно „вози“ со волан со два краци, во Кина се вградува спортски волан со три краци.

Под хаубата работи 1,4-литарски TSI со 150 КС и 250 њутнметри, заедно со седумстепен менувач DSG. Уште една посебност на Octavia Pro е мултилинк задната оска како стандард.

https://www.instagram.com/p/CMB9is_LDUl/