Новото лого и новиот слоган на Kia беа само најава за тоа што ќе почне да се одвива во корејската марка веќе од средината на месецов. На неколку денови до премиерата на првиот модел од новата генерација чисто електрични модели, Kia ја прикажува силуетата на моделот што ќе ја носи ознаката EV6.

Корпорацијата Kia ја објави првата официјална фотографија од EV6. Станува збор за електричен модел од комплетно нова генерација, којшто за разлика од постоечките електрични модели е развиен само за електричен погон. EV6 е прв модел на Kia што ја користи платформата E-GMP (Electric-Global Modular Platform).

Меѓу главните придобивки од тоа што EV6 е развиен само во електрична изведба спаѓа и рационалното искористување на просторот во кабината при иста должина со возило со обичен погон, EV6 ќе нуди многу повеќе простор и поголема функционалност. Понатаму, цената за производство на таков модел е пониска во споредба со модел што се нуди и во верзии со обични мотори со внатрешно согорување.

https://photos.app.goo.gl/RBpoY1NPjksE3twk9

Дизајнерските ѕвезди на Kia ја искористија новата слобода што им ја дава електричниот погон за да осмислат и целосно нова дизајнерска филозофија. Тоа значи дека електричните модели на Kia од семејството EV и во изгледот ќе се разликуваат од моделите на марката со класичен погон. Стилот јасно ќе ги идентификува како модели што возат на струја.

https://photos.app.goo.gl/4KLqLXDT9CBBBfbE7

„EV6 е олицетворение на целта на нашата марка, на ‘Movement that inspires’, и на нашата нова дизајнерска филозофија. Тој е дизајниран да го инспирира секое патување, нудејќи инстинктивно и природно искуство што го подобрува секојдневието на нашите клиенти и нуди искуство што е едноставно, интуитивно и интегрирано“, изјави Карим Хабиб, потпретседател и директор на глобалниот центар за дизајн на Kia.

Kia осмисли нова стратегија на именување на семејството на електричните модели

Како дел од транзицијата на марката, новите модели со електричен погон ќе се именуваат според нова стратегија. Идејата е името на моделите јасно да укажува дека станува збор за електричен автомобил, без разлика за кој пазар низ светот станува збор.

https://photos.app.goo.gl/L8ryoMngF6UqaK5D9

Сите нови модели на Kia што ќе се нудат само во електрична изведба ќе носат ознака со префикс EV. По него ќе следи бројка, што ќе укажува на местото на конкретниот модел во понудата на Kia.

Од македонската Kia веќе ја дополнија информацијата и најавија дека конечниот изглед на Kia EV6 ќе биде откриен на 15-ти март.

>>> Oваа платформа ќе ги носи новите електрични модели на Kia и Hyundai

Oваа платформа ќе ги носи електричните модели на Kia и Hyundai