Volkswagen објави скици за проектот Trinity. Лимузината со електричен погон ќе почне да се произведува во Волфсбург во 2026 година. Меѓу главните новини е тоа што автомобилот ќе располага со автономно возење од 4-то ниво – тоа е веќе вистински автопилот.

Името на проектот доаѓа од латинскиот збор „trinitas и означува тројство. Трите теми на кошто се однесува тоа се нова електронска платформа со најсовремен софтвер, едноставна понуда од моделски изведби и целосно вмрежено и интелигентно производство во матичната фабрика во Волфсбург.

Тринити е нешто како точка на кристализација на нашата стратегија ACCELERATE, светилник за иднината, нашиот софтверски автомобил од соништата“, цени Ралф Брандштетер, претседател на марката Volkswagen. Новата платформа на возилото ќе постави мерила во досегот, брзината на полнење (исто како да се полни гориво) и во дигитализацијата.

Trinity ќе овозможи и автономно возење со ценовниот сегмент што е достапен за поширок круг клиенти. За планираниот старт во 2026 година, Trinity веќе ќе располага со Level 2+ и со техниката ќе биде подготвен за Level 4. Масовното вградување и скалестиот принцип ќе овозможат технологијата на автономно возење да стане достапна.

Се спомнува и невронална мрежа што ќе учи. Возилата меѓусебно ќе си разменуваат податоци за нивната положба, пречките или за незгода на патот. Според Брендштетер, Trinity „на луѓето ќе им подари време и ќе ги поштеди од стрес“. По долго возење ќе се пристига на одредиштето многу порелаксирано. Со возилото ќе управува вештачка интелигенција, без разлика дали станува збор за враќање од одмор или за секојдневно возење до работа.

Trinity за нашите клиенти ќе претставува еден вид временска машина

Ралф Брандштетер, претседател на марката VW

Со производството на овој автомобил, фабриката во Волфсбург ќе стане пример за најсовремени, најинтелигентни и целосно вмрежени производствени процеси. Се најавува целосно нов концепт на производство на автомобили и воведување револуционерни чекори. Дигитализацијата, автоматизацијата и лесната конструкција се главните елементи.

Бројот на моделски изведби ќе се намали драстично, а „хардверот“ ќе биде универзален за сите модели. Тоа значи дека автомобилите фабрички ќе излегуваат со сета можна опрема, но за вклучување и користење на одредени функции, ќе треба да се плати соодветно. Во Porsche веќе фуинкционира сличен систем и на тоа беше ставен нагласок синоќа при премиерата на Porsche Taycan Cross Turismo. Тоа значи дека производството ќе се поедностави, а цената ќе биде достапна.

>>> Фолксвагенова симфонија број 8 во MQB-мајор