Кина од 2016 година е најголем пазар за лимузинската изведба на C-Class? Најголеми пазари за лимузината и за комбито во изминатите десет години беа САД, Германија и Велика Британија. Во Германија, патем, два од секои три примероци од C-Class се од комбито T-Modell.

од незначително зголемените надворешни димензии на новата моделска генерација профитираат и патниците напред и патниците назад? Ширината во делот на лактите во споредба со претходникот е зголемена за 22 mm на предните седишта и за 15 mm за патниците назад. Висината на просторот за глава назад порасна за 13 mm (11 mm кај T-Modell). Просторот за колена на задната клупа што е продолжен за 35 mm, придонесува да биде уште попријатно патувањето и за патниците назад.

… C-Class во кабината повторно постигнува голем напредок во поглед на дигитализацијата и квалитетот? Ентериерот ги презема главните обележја на новата S-Class, како што се начинот на прикажување на информациите и начинот на ракување, додавајќи им спортски нагласок. За тоа придонесува и завртеноста на арматурната табла и на средишниот дисплеј за 6 степени кон возачот.

со техниката во домот и со уредите во домаќинството може да се управува преку говорниот асистент „Hey Mercedes“ кој е дел од системот MBUX? Благодарение на функцијата Smart Home, тие може да се поврзат во мрежа со возилото и со нив да се ракува оддалеку.

светлината во секое светло Digital Light се прекршува со помош на 1,3 милион микро-огледала и се насочува? Тоа значи дека резолуцијата на двете предни светла изнесува 2,6 милиони пиксели. Со доплата, Digital Light може да се комбинира и со функција на проектирање. Овој систем ги проектира линиите за следење, симболите и анимациите врз патот и на тој напин придонесува возењето да биде побезбедно.

кругот на вртење со управуваната задна оска се скусува за повеќе од 40 сантиметри, на под 11 метри? Аголот на завртување на задната оска со оваа опција изнесува 2,5 степени.

>>> Mercedes C-Class традиционално e празник за автомобилската сцена

mercedes c-class