Калифорниската Karma Automotive е произлезена од Fisker, а неа пак ја основаше Хенрик Фискер, дизајнер на BMW Z9 и на бројни модели на Aston Martin.

Автомобилот со впечатливо елегантна линија во почетокот ќе се нуди само во верзијата со 1,5-литарски бензинец, во функција на т.н. Range Extender. Тоа значи дека моторот практично ќе се користи како генератор за електрична енергија, што потоа се акумулира во батеријата со капацитет од 28 kWh. Двата електромотори располагаат со заедничка моќност од 400 киловати, односно 544 КС. Системскиот вртежен момент изнесува 740 њутнметри.

Karma наведува дека досегот со полна батерија изнесува до 125 километри. За подолги релации стапува на дело бензинецот во функција на генератор и во тој случај Karma GS-6 ќе може да вози до 580 километри далеку.

Понатаму ќе се понуди и изведба што ќе користи чисто електричен погон, со цена што ќе биде под верзијата со Range Exdender. На пазарот во САД, лимузината Karma GS-6 се нуди по цена што одговара на околу 69.000 евра. Верзијата со чисто електричен погон GSe-6 ќе чини околу 65.000 евра.

Уште нема понатамошни детали за опремата на моделот за европскиот пазар, за стартот на продажбата и секако за цените во Европа.

New item by Automedia MK / Google Photos
New item by Automedia MK / Google Photos

>>> Fisker Ocean ја користи електричната MEB-платформа на Volkswagen

fisker ocean vozenje
Fisker Ocean