Ford Puma и класичарот Fiesta во своите изведби со благ хибриден погон, од март ќе може да се комбинираат и со 7-степен менувач со двојна спојка. Тоа прави секојдневието да биде уште покомотно, се смалуваат потрошувачката и емисијата на СО2.

Ford нуди нов 7-степен менувач со двојна спојка за своите модели што комбинират мотор EcoBoost со 48-волтен стартер-генератор, што значи со благ хибриден погон. Бестселерите Puma и Fiesta од следниот месец ќе може да се нарачаат во изведба со 7-степен менувач со двојна спојка, покрај станардните изведби со 6-степен мануелен менувач.

Менувачот понатаму ќе се вградува и во останатите моделски серии на Ford со EcoBoost мотори. Стартер-генераторот во Ford Puma и Fiesta со мотор 1.0 EcoBoost mHEV работи на 48-волти и располага со моќност од 11,5 kW, односно 16 КС. Негова задача е да му асистира на моторот при поаѓање и кусо време при забрзување, на тој начин придонесувајќи за смалување на потрошувачката на гориво. Сето тоа е многу едноставно (барем да се објасни како принцип), иако не е толку делотворно во штедењето колку полн хибрид на Toyota, но е релативно ниска цената на системот.

Уште една придобивка на благиот хибрид на којашто посетуваат инженерите на Ford: Тоа што електромоторот му асистира на бензинецот при најниски вртежи, овозможи да се вградува поголема турбина – техничарите често се ограничени во поглед на димензиите на лопатките на турбината и на компресорот, па мораат да прават компромис и да користат помала турбина, за таа да може да реагира уште од најниски вртежи. Батеријата располага со 10 амперчасови и се полни при запирање и при пуштање на возилото да се движи под залет.

Стартер-генераторот при поаѓање и забрзување му асистира на моторот со вртежен момент со максимално 24 њутнметри. Тоа го растоварува моторот, што значи дека се намалува и потрошувачката. Заштедата конретно изнесува до 5 проценти.

Помошта од стартер-генераторот пристига и при силно забрзување, кога тој функционира како електромотор, со што исто се зголемува вртежниот момент. Ford Puma со мотор 1.0 EcoBoost mHEV со 125 КС и со менувач со двојна спојка, забрзува до темпос то за 4% подобро од верзијата со мануелен менувач. Со варијантата на моторот со 155 КС, забрзувањето со 7-степениот автоматик трае само 8,7 секунди.

Ford Fiesta EcoBoost-Mild Hybrid & Ford Puma EcoBoost-Mild Hybrid се два од вкупно 17 модели со електрифициран погон, што Ford ги најави во продажба во Европа во текот на 2021 година.

>>> Ford вложува милијарда во Келн, ќе произведува верзија на VW ID.3