Министерството за индустрија и информатичка технологија на Кина објави фотографии од новиот електричен СУВ-модел Volkswagen ID.6 X на својот вебсајт.

Заедничката инвестиција на VW и SAIC доби одобрение од кинеското министерство, за ID.6 X да се произведува и да се продава во Кина. Седумседот ќе излегува од новата фабрика на SAIC-Volkswagen во Шангај, со капацитет за 300.000 возила годишно. Електричниот СУВ во почетокот ќе биде достапен само на кинескиот пазар.

Исто како останатите електрични модели од семејството ID на Volkswagen, големиот СУВ на струја се базира врз модуларната погонска платформа MEB. Сериското производство во Кина започнува уште во текот на годинава. Првиот човек за продажба во концернот Volkswagen, Кристијан Далхајм, го најави тоа уште во ноември. Изгледот на ID.6 X се потпира на дизајнерската студија ID.Roomzz што беше прикажана во 2019 година.

https://www.instagram.com/p/CK6kVFln_hy/

>>> Ауто Шангај 2019: Volkswagen ID Roomzz како подвижна дневна соба

Volkswagen ID Roomzz промет концерн