Трендовите се менуваат, некогаш требаше да се возат „чипирани“ автомобили спуштени до асфалт, денес се бараат кросовери со екстра клиренс и со спортска нота, но пак комфорни и достапни. Тоа е мотото што го почитува спортската изведба GT Line на кросоверот Kia Stonic, новина деновиве во салонот на Kia Motors.

Надворешниот дизајн на Stonic GT Line е инспириран од моќните GT модели на Kia, од гран-туризмото Stinger и од жешките компакти Ceed GT и ProCeed GT. Ова се манифестира со разликите на предниот и задниот браник. Предниот браник е со интегрирани LED светилки за магла, три влезови за воздух на предниот дел на автомобилот и метална решетка по долниот раб. Предната маска добива и нова подобрена завршна обработка, додека капачињата на ретровизорите се во високо сјајна црна боја.

Понатаму, моделот GT Line е опремен стандардно со нови целосно LED светла, создавајќи карактеристичен потпис на моделот. Задниот дел има поистакнат заден браник кој се разликува од другите верзии на Stonic, а истиот е дополнет со отвори кои имитираат две издувни цевки и заден дифузер. Надворешниот дел го комплетираат Stonic GT Line,17-инчни алуминиумски тркала кои се добиваат исклучиво во оваа изведба.

New item by Automedia MK / Google Photos

Stonic GT Line исто така се разликува од останатите изведби. Најочигледна модификација е облогата со ефект на јаглеродни влакна на таблата, завршница уникатна за моделите на GT Line. Седиштата се со зајакнати страници и се во комбинација од црна ткаенина и кожа со контрастни шевови во бело, понатаму во внатрешноста се наоѓа и различен волан обложен со перфорирана кожа и рамно дно. Во центарот на контролната табла се наоѓа голем 8 инчен инфо-забавен систем со екран на допир што ја подобрува поврзаноста и контролата на возилото. Системот им овозможува на корисниците да поврзат два мобилни уреди истовремено – еден за употреба на телефон додека другиот за навигација. Исто така, најголема новост е безжичната конекција со Apple CarPlay и Android Auto.

New item by Automedia MK / Google Photos

Моделот достапен во салонот на Kia Motors Macedonia, e опремен со 1.0 литарскиот T-GDi агрегат кој развива 100 коњски сили и 172 Nm при 1500-4000 вртежи, а менувачот е 7 степен DCT автоматски.

Новиот Stonic во GT Line ниво на опрема во комбинација со автоматскиот менувач и двобојната каросерија во салонот на Kia Motors Macedonia, чини 21.200 евра.

New item by Automedia MK / Google Photos
New item by Automedia MK / Google Photos
New item by Automedia MK / Google Photos

>>> Kia Rio со најдобра противвредност според американски Vincentric