Кусо по пазарниот старт на новиот Tucson, Hyundai ја претставува спортската изведба N Line од својата најпродавана моделска серија во Европа.

Hyundai Tucson N Line комбинира посебно динамичен стил, висок комфор и напредна конективност, со дизајн инспириран од мотоспортот, како одлика на сите модели N и N Line на Hyundai. Динамичниот стил одлично се вклопува во препознатливите параметарски сокриени светла“. Дури откако ќе се стартува моторот се покажуваат сокриените дневни LED светла.

Разликата во масивната маска се сведува на тоа што отворите се покрупни и создаваат различна рефлексија, зависно од аголот на гледање. Логото N Line секако дека има впечатливо место во маската. Отворот за воздух долу во браникот исто така е зголемен. Завршниот ефект го прави сребрената заштита на подвозјето.

Страничните украсни лајсни се украсени, на нив се надоврзува долниот раб на прозорците што е лакиран во сјајна црна боја. Спортскиот дизајн го нагласуваат капите на ретровизорите, кои опционално може да бидат лакирани во фантом црна боја. Задниот спојлер е издолжен и има перки. Дифузор со црвена рефлекторска лента под него прават Tucson N Line оптички да се приближи до асфалтот. Двојната издувна цевка е уште една инспирација од спортските автомобили.

New item by Automedia MK / Google Photos

Tucson N Line стандардно се испорачува со тркала од 19 инчи. За каросеријата може да се избира меѓу седум бои, плус опција за покрив во фантом црна боја во комбинација со ексклузивната Shadow Grey боја за моделот. Покривот и капите на ретровизорите може да се нарачаат во фантом црна боја доколку каросеријата е лакирана во Polar White, Engine Red, Sunset Red или Dark Knight.

New item by Automedia MK / Google Photos

Седиштата се спортски, со лого N, обложени во комбинација од кожа и необработена кожа. Црвени штепови се забележуваат на седиштата на вратите, потпирачот за рака и на платното меѓу отворите за воздух. Воланот е ексклузивен со лого N, коешто се повторува и на рачката на менувачот. Црн таван ја заокружува спортската нота. Педалите се изведени со алуминиумски финиш, исто како и потпирачот за левото стопало и праговите на вратите.

Исто како за стандардниот Tucson, и тука може да се нарача адаптивно подвозје, коешто зависно од желбата на возачот и од условите на патот нуди поконфорно или поспортско возење.

За моделската изведба N Line стојат на располагање исклучиво најсилните погонски варијанти на Tucson. Почетокот го одбележува 1.6 T-GDI во комбинација со 48-волтен благ хибрид и 180 КС, по него следат 1.6 T-GDI Hybrid со 230 КС и 1.6 T-GDI Plug-in-Hybrid со 265 КС. Дизелот 1.6 CRDi исто така е комбиниран со 48-волтен благ хибриден погон, со моќност од 136 КС.

New item by Automedia MK / Google Photos

Меѓу посебностите во кокпитот спаѓаат дигиталниот кокпит, со два дисплеи од по 10,25 инчи, кои може да се конфигурираат. Hyundai Tucson N Line стандардно располага со Multi-Air модус, кој е комбинација од директни и индиректни отвори за проветрување, заради постигнување попријатна атмосфера. Тризонската клима им овозможува на патниците на задната клупа да изберат температура по желба. Во стандардната опрема спаѓа и изобилство од системи за асистенција.

Продажбата на Hyundai Tucson N Line во Европа стартува напролет, а во лето ќе следат и верзиите со хибриден и приклучен хибриден погон.

>>> Oваа платформа ќе ги носи новите електрични модели на Kia и Hyundai