Toyota пред десетина денови поднела барање за заштита на правата на името Celica. Тоа е уште едно големо моделско име во историјата на јапонската марка, коешто го носеа седум генерации на ценетото спортско купе, пред неговото ставање во мирување во 2007 година.

На автомобилската сцена се чести случаите кога компаниите ја обновуваат регистрацијата на големи моделски имиња од својата историја, заради заштита од нивно користење од страна на други компании. Но, обновувањето на регистрацијата на името Celica точно се совпаѓа со претстојната премиера на новата генерација на Toyota GT86, којашто ќе се случи во следните месеци.

Постоењето директна врска меѓу Celica и GT86 дополнително ги подгрева надежите на фановите дека славното име ќе се врати во понудата на Toyota, за купето што важи како еден од најдостапните и најверодостојни спортски автомобили на сцената. Постои свеж пример за намерата за враќање на старите имиња, конкретно Auris пред помалку од три години беше преименуван во Corolla. Дотогаш само лимузинската изведба го носеше традиционалното име на Toyota.

Претходно постоеја шпекулации дека Toyota ќе ja преиначи моделската ознака на достапното купе во GR86, како асоцијација на Gazoo Racing, како што е името на спортскиот огранок на јапонскиот примус.

>>> Новата Toyota GT86 со големи изгледи да пристигне во Европа

Новата Toyota GT86 со големи изгледи да пристигне во Европа

Subaru BRZ, двојникот на Toyota GT86, во новото издание