BMW M5 CS ја продолжува низата модели CS со посебен спортски печат на M GmbH. Ексклузивен и во ограничен број примероци, во единственото чувство на CS првпат можат да уживаат четири патници. Ова е врвот на целата гама на M GmbH.

Моторот V8 од 4,4 литри и моќност со 635 КС го водигнува BMW M5 CS во најсилен автомобил во историјата на BMW M. Осумстепен менувач M Steptronic со програма Drivelogic и погон на сите тркала M xDrive се стандард. Секако дека не отсуствува и режимот 2WD, кога целата сила се пренесува класично за марката, назад.

Со вешта заштеда во тежината, M5 CS е околу 70 килограми полесен од BMW M5 Competition. Нови пружини на предната и задната оска, заедно со екстра дотерана регулација на амортизацијата, приспособени се според намалената тежина на лимузината. Промените во подвозјето доаѓаат и од вградувањето гуми Pirelli P Zero Corsa Track со мешана димензија, односно 275/35 R 20 напред и 285/35 R 20 назад.

Спринтот од место до темпо сто трае точно 3,0 секунди, до втората стотка се потребни само 10,3 секунди. Крајната брзина е 305 километри на час, нема лимит.

Напред се вградени М карбонски седишта, назад се изведени две засебни седишта. Црната мерино кожа е во комбинација со површини и штепови во муџело-црвена боја. Потпирачите за глава се интегрирани во седиштето и напред имаат осветлено лого M5 – посебноста е во силуетата на легендарниот Нирбургринг во нив.

https://www.instagram.com/p/CKjXcpwKQ5B/

М-воланот е обложен со алкантара и во класичен тркачки стил има црвена ознака на позицијата на 12 часот. Бирачите на степен на пренос се од карбон, а украсните маски на краците на воланот се изведени во црн хромиран финиш.

На местото на потпирачот за рака меѓу седиштата се наоѓа бленда со мала тежина, којашто е обложена со црна мерино кожа и има двоен црвен штеп. Црвената боја се повторува и на беџовите CS на инструментите, како и меѓу задните школкасти седишта.

Рамката на бубрезите и беџовите BMW M5 CS на бубтрезите, исто како и M-жабрите во предните крила и задниот поклопец се финиширани во ексклузивна златно бронзена боја. Секако дека тоа е во тон со главните елементи што ја носат оваа боја, со M-тркалата од 20 инчи, со Y-краци (напред: 9,5 J x 20, назад: 10,5 J x 20). На праговите се поставени осветлени беџови M5 CS.

Светлечките туби во форма на L од ласерските светла на BMW зрачат во жолта боја кога е вклучено соборено или долго светло, исто како и при поздравното вклучување на светлата. Тоа е уште еден детаљ од мотоспортот, кој потсеќа на тркачките болиди во GT-шампионатите.

https://www.instagram.com/p/CKjZAhjqBzy/

Хаубата, предниот сплитер, капите на ретровизорите, задниот спојлер и задниот дуфузор на BMW M5 CS, заедно со M Power поклопецот на моторот и придушувачот на звукот на вшмукувачкиот тракт се изработени од пластика зајакната со карбон, а дел од овие компоненти и видливо ја прикажува карбонската структура.

Стандардно се вградува спортски издув M5 CS, изработен е од нерѓосувачки челик, со четири издувни цевки без посебни украси. Стандард се и M карбон-керамичките сопирачки. За сопирачките клешти може да се избира меѓу црвена или златна боја.

Три бои се на располагање за каросеријата на M5 CS: Сива металик Brands Hatch и ексклузивните мат металик бои, сива Frozen Brands Hatch и Frozen Deep Green, двете од понудата на BMW Individual.

Продажбата ќе започне напролет, цената за германскиот пазар изнесува 180.400 евра.

https://www.instagram.com/p/CKjZUmRKup9/

>>> BMW M GmbH лани испорачал рекордни 144.218 возила