Американската компанија Rivian, којашто подготвува неколку модели со електричен погон и ужива најголема финансиска поддршка од Amazon, обезбеди уште 2,65 милијарди долари од инвеститорите.

Новите милијарди долари на сметката на Rivian, освен од најголемиот онлајн-трговец во глобални рамки Amazon, пристигаат од голем број финансиски компании. Меѓу нив се Fidelity, Amazon, Coatue и D1 Capital Partners, покрај голем број постоечки и нови инвеститори.

Годинава е клучна за Rivian, поради претстојниот почеток на производството на електричниот пикапот R1T, СУВ-моделот R1S, но и на огромен контингент возила за достава што се нарачани од Amazon.

Со новата инвеститорска рунда, Rivian досега обезбеди околу осум милијарди долари, вклучувајќи го и вложувањето од автомобилскиот концерн Ford. Онлајн-трговецот Amazon нарача 100.000 електрични комбиња од Rivian, коишто се конструирани посебно за компанијата.

>>> Прв од 100.000 електрични фургони на Amazon до 2030

amazon elektricno kombe
amazon elektricno kombe