Спортската лимузина со погон на струја на Porsche досега беше достапна како Taycan Turbo S, Taycan Turbo и Taycan 4S. Новата верзија нема дополнителна ознака, погонот е само назад, краткотрајната моќност е 408 КС со нормалната и 476 КС со поголемата батерија, односно номинално се 326 и 380 КС соодветно.

Како најмлад член во семејството електрични лимузини на Porsche, Taycan уште од старт пристига со новините што останатите моделски изведби ги добија по преоѓањето во новото моделско годиште. Меѓу новините е функцијата Plug & Charge, за полнење на батеријата без потреба од картичка. Taycan при приклучување комуницира со полначите што располагаат со таков стандард и на тој начин се подноставува секојдневието.

На списокот на дополнителна опрема се колор проекциски дисплеј и вграден полнач во возилото со моќност од 22 kW. Уште една важна новина се Functions on Demand (FoD). Возачите на електричното Porsche можат по потреба да активираат одредена функција и да го одредат времето во коешто ќе ја користат истата. Нема потреба од посета на сервисна работилница, тоа постапката се одвива онлајн. Ваков вид функции што може да се вклучат отпосле се, на пример, ативно задржување на возилото во лента или Porsche InnoDrive.

Стандардната изведба на Porsche Taycan располага со батерија од 79,2 kWh. Опција е поголема батерија, со бруто капацитет од 93,4 kWh. Со неа, досегот се зголемува од 431 на 484 километри, според WLTP.

https://www.instagram.com/p/CKPoa6qKpdL/

Спринтот од место до темпо сто трае 5,4 секунди, додека крајната брзина е ограничена на 230 km/h. Максималната моќност на полнење изнесува 225 kW (кај обичната батерија), односно 270 kW (кај поголемата батерија). Во тој случај, полнењето трае 22:30 минути, од 5% до 80% наполнетост. За пет минути се полни доволно енергија за следните сто километри пат.

Аеродинамичноста е едно од подрачјата во кои Taycan брилјира посебно. Вредноста cw 0,22 придонесува за намалена потрошувачка на енергија. Електро-спортистот се препознава и по оптимираните тркала од 19 инчи, односно по сопирачките клешти во црна боја. Продолжетокот на предниот браник, страничните прагови и задниот дифузор во црна боја се исти како кај 4S.

Taycan стандардно поседува делумно кожен ентериер, со комфорни седишта со електрично местење напред. Покрај задниот багажник со зафатнина од 407 литри, простор за одлагање има и под предната хауба, со дополнително 84 литри. Porsche првпат во Taycan понуди моделска изведба во којашто не се вградува кожа.

Сите системи во подвозјето се раководат од едно место

Во подвозјето на Porsche Taycan се користи централно вмрежен контролен систем. Регулацијата на подвозјето Porsche 4D-Chassis Control ги анализира и усогласува сите системи во подвозјето во реално време. Во изведбата со челични пружини и во опционалната изведба со пневматска амортизација може да се доплати за електронски регулирани амортизери Porsche Active Suspension Management (PASM).

Доколку возилото е опремено со пневматска амортизација, достапна е функцијата

Smart Lift. Возачот може да програмира, каросеријата на Taycan автоматски да се подигнува пред пречки на кои се наидува секојдневно, на пример, лежечки полицаец или влез во подземна гаража.

Предните сопирачки клешти се шестклипни, назад работат четириклипни клешти. Во двата случаи, тие се изработени од алуминиум. Предните дискови имаат пречник од 360 mm, задните 358 mm.

Успешна година за Porsche Taycan

Porsche имаше одличен старт во електричната ера. Лани беа испорачани над 20.000 примероци од Taycan. Дури 70 проценти од сите модели на Porsche што се продаваат во Норвешка се Taycan. Во почетокот на ноември, електричната лимузина достигна илјада примероци во скандинавската држава. Taycan придонесе продажбата во земјата да се удвои.

Новата изведба со заден погон е воедно и гинисов рекордер, за најдолг дрифт со електричен автомобил. Taycan извозе 42,171 километри во постојано лизгање.

Испораките на четвртата и нова основна моделска изведба на Taycan стартуваат во средината на март. Моделот во Германија чини 83.520 евра, без вклучена субвенција во висина од преку девет илјади евра.

>>> Porsche Taycan со лизгање до светски рекорд