Toyota GR Yaris е меѓу најекстремно изведените автомобили во класата, па и во една класа погоре. Покривот е изработен од карбон, вратите и поклопците се од алуминиум, каросеријата е за 95 милиметри пониска од обичниот Yaris, а за постигнување исклучителна крутост, по целата каросерија се изведени 4.175 варови.

Малечок автомобил на голема мисија. Тркачкото чувство во возењето на Toyota GR Yaris не е туѓо, туку му е вродено. Тој служи како основа за хомолација за рели-болидот на Toyota Gazoo Racing. Екстремниот тркач е конструиран во соработка со тимот за рели на Toyota и вклучува богато искуиство и знаење од експертите за мотоспорт. При развојот на моделот беше ставен посебен нагласок на лесната конструкција на каросеријата и на крутоста на истата, што ќе издржи и најекстремни напрегања од рели патеките.

Уште едно врвно достигнување на инженерите на Toyota е тоа што погонот на сите тркала GR Four и моќниот 1,6-литарец со 261 КС се вградени во каросерија што минимално е поголема отколку на стандардниот Yaris. Тоа што најмногу одушевува секако е тежината од 1.280 килограми. За тоа е заслужна вештата комбинација од материјали за каросеријата, во којашто влегуваат десетина проценти алуминиум.

Платформата на Toyota GR Yaris е единствена. Предниот дел потекнува од новиот стандарден Yaris (GA-B платгформа), додека задниот дел доаѓа од Corolla & Co (GA-C). Единственото што е заедничко во надворешноста меѓу Yaris и GR Yaris се предните и задните светла, ретровизорите и кровната антена.

New item by Automedia MK / Google Photos

Карбонскиот покрив не е изработен вообичаено со „плетење“, туку е пресуван. Ова е прв модел на Toyota со карбонски покрив. Во споредба со челичен покрив, тежината е смалена за 3,5 килограми. Поважно е тоа што покривот е највисоката точка и заштедата таму придонесува најмногу за тежиштето на целото возило да се спушти. Тоа, пак, во голема мера решава за управливоста. Задниот дел од покривот е спуштен за 95 милиметри, за воздушната струја да се води полесно до задниот спојлер. Оваа силуета е изведена имајќи го предвид „рели-јарисот“, со масивен заден спојлер.

Toyota GR Yaris во голем дел е идентичен со рели-болидот за WRC, затоа што правилата дозволуваат само малку промени од серискиот модел

Уште една клучна разлика со цивилниот Yaris секако е во бројот на врати. GR (од Gazoo Racing) е развиен само во варијанта со три врати. Според правилата на WRC, не смее да се менуваат вратите на тркачките болиди. Затоа вратите на уличната изведба се изработени од алуминиум и немаат рамка. Лесниот метал се користи и за хаубата и задниот поклопец.

Уште еден трик на конструкторите за намалување на тежината е примена на тенка челична ламарина со исклучителна цврстина. Во скусувањето на секаков вишок килограми учествува и задниот спојлер од т.н. Toyota Super Olefin Polymer (TSOP), кој е потенок и полесен е за 38 проценти.

New item by Automedia MK / Google Photos

Покрај ниската тежина, кај тркачките рели-болиди е важна и крутоста на каросериајта. GR Yaris во таа насока поседува 4.175 завари (заварени точки) или 259 повеќе од стандардниот Yaris. Крутоста е дополнително зголемена со примена на структурни лепила меѓу конструкциските делови на каросеријата. Вкупно 35,4 метри од каросериските споеви се изведени со лепило. Тоа е за 14,6 метри повеќе отколку кај стандардниот Yaris.

Опција е пакет за високи перформанси, кој вклучува ковани тркала од 18 инчи со 10 краци, кои исто така придонесуваат за смалување на тежината. Во пакетот понатаму влегуваат блокада на предниот и задниот диференцијал, заради натамошно зголемување на возната динамика.

Технички податоци · Toyota GR Yaris

Потрошувачка, издувни гасови и капацитет
CO2 класа F
Гориво Бензин
Потрошувачка, просек* 7.7 l/100 km
Потрошувачка, град* 9.3 l/100 km
Потрошувачка, пат* 6.7 l/100 km
CO2 емисија, просек* 175 g/km
Издувна норма* EURO 6 AP
Резервоар 50 l
65.0 dB(A)
Потрошувачка, просек (WLTP) (l/100km) 8.2 l/100 km
CO2 емисија, просек (WLTP) (g/km) 186 g/km

Мотор, технологија

Број на цилиндри 3 цилиндри, во линија
Конструкција Директно впрскување во повеќе точки
Погон на вентили DOHC 4-вентили
Работна зафатнина 1618 ccm
Моќност во kW 192/6500-1
Моќност во КС 261
Вртежен момент 360 Nm / 3000-4600-1

Компресија

10.5:1

Пренос на сила

Менувач

Мануелен
1. степен 3.538
2. степен 2.238
3. степен 1.535
4. степен 1.162
5. степен 1.081
6. степен 0.902
Рикверц 3.831

Перформанси

Крајна брзина 230 km/h
Забрзување 0 – 100 km/h 5.5 S
Пренос во диференцијал 0.352
Тежини & товар
Празно возило 1280-1310 kg
Дозволена тежина на предна оска 970 kg
Вкупна дозволена тежина (kg) 1645 kg
Багажник, max. ширина (mm) 1085 mm

Зафатнина

0.207 m³

Подвозје

Напред

Мекферсон
Назад Две триаголни водилки
Сопирачки

Напред

Вентилирани, диск, 4 цилиндри
Назад Вентилирани, диск, 2 цилиндри

Димензии

Број на врати

2

Должина

3995 mm
Ширина 1805 mm
Висина 1455 mm
Меѓуоскино растојание 2560 mm
Ширина на трага напред 1536 mm
Ширина на трага назад 1572 mm

Внатрешни димензии

Број на седишта

4

Круг на вртење

Пречник

10.62 m

Најмал радиус на вртење

5.31 m
Радиус на вртење на каросерија (m) 5.64 m
Растојание од подлога (mm) 124 mm