Renault пред неколку денови ја претстави новата и радикална стратегија, а секако дека дел од неа е марката Lada, како дел од групацијата Renault. Русите до 2025 година ќе претстават четири комплетно нови модели.

Најголемата сензација во најавите на Lada секако дека е во веста за наследникот на легендарната Niva, којашто во практично непроменета форма се произведува подолго од 40 години. Русите не откриваат детали за новиот модел, но и дизајнерската скица говори доволно.

Концептот во бројни детали се повикува на оригиналниот модел. Хаубата е профилирана и трепкачите изгледаат како да се дел од неа, додека пластичните облоги и отворите за провертување во задните столбови се очигледно наследство од пра-моделот. Возилото на скицата изгледа мошне современо и во одреден дел потсеќа на смалена верзија на Ford Bronco.

Во поглед на техниката, засега е познато дека идната Niva ќе ја користи новата платформа CMF-B заедно со Dacia. Техниката целосно ќе потекнува од групацијата, што ќе ги смали трошпоците, но и ќе воведе големо унапредување во одредени подрачја. Друго што ќе остане непроменето, тоа се беспрекорните теренски својства. Niva ќе ги дели моторите со Renault или Dacia, можно е дел од нив да користат одреден степен на хибриден погон.

Почетокот на продажбата е најавен за 2024 година. Мала е веројатноста дека пра-моделот ќе се продава паралелно со новата Niva. Исто е мала веројатноста дека марката Lada ќе се продава на поширокиот европски пазар, затоа што групацијата Renault тука става повеќе нагласок на Dacia. Околу тој момент уште ќе се шпекулира.

https://www.instagram.com/p/CKEC6X6ByAD/

 

>>> „Ренолуцијата“ става нагласок на електричен погон и на Megane

https://www.instagram.com/p/CKJVJW1pYjI/