Во жестоката конкурентска битка во категоријата на големи СУВ, жирито на What Car го избра Kia Sorento поради штедливоста, возната динамика, богатата стандардна опременост и високиот квалитет на изработка.

Моделската изведба што ја оценуваше жирито на What Car е Kia Sorento 1.6 T-GDi Hybrid со второто ниво на опрема за британскиот пазар, во коешто спаѓаат бројни системи за асистенција, од камера за рикверц, приспособлив темпомат, до систем за спречување удар во пешак или велосипедист и предупредување при невнимателно вклучување на крстосница.

Стив Хантингфорд, уредник на магазинот What Car, коментираше за победата: „Хибридната технологија на Sorento спојува добра штедливост во реални услови со споредливо ниска емисија на СО2, додека возењето е комфорно и управувањето е прецизно. Кога на тоа ќе се додадат добро изработен и опремен ентериер, високо седење што и возачите на HGV ќе ги направи љубоморни, заедно со ненадминатата седумгодишна гаранција на Kia, тогаш Sorento е исклучителен универзалец.“

Четвртата генерациај на Sorento започна со продажба неодамна, но веќе се докажа како важна новина во моделската понуда на Kia, меѓу другото и со освојувањето на титулата за „Автомобил на годината“ во изборот на Carbyer за 2021 година.

Гамата на Kia Sorento вклучува широка понуда од погонски варијанти, вклучувајќи хибрид, дизел и приклучен хибрид. Во сите држави во Европа, големиот СУВ се нуди со гаранција во период од седум години или 150.000 километри.

>>> Новото лого ѝ донесе светски рекорд на Kia