Широка е понудата од изведби со ветувачката значка RS на Škoda. Покрај дволитарскиот бензинец со 245 КС, гамата на Octavia RS вклучува уште приклучен хибрид со 1,4-литарски TSI и системски 245 КС. Третата опција е дизел, со 200 КС, но и со можност за верзија 4х4.

Škoda ја додаде и третата погонска варијанта во гамата на Octavia RS. Со дволитарски TDI со 200 КС, спортската лимузина во ценовникот на Порше Македонија чини 38.200 евра. Оваа варијанта му се придружува на бензинскиот RS со 2.0 TSI со 245 КС и цена од 34.330 евра. Третата варијанта користи приклучен хибриден погон и постигнува системски 245 КС, но засега не се појавува во македонскиот ценовник. Големата новина со TDI-RS е тоа што првпат во спортскиот модел на Чесите може да се вози и со погон на сите тркала. Цената на Octavia RS 2.0 TDI EVO DSG 4×4 изнесува 40.040 евра, односно 1.840 евра. Фановите нема да се двоумат околу 4х4 опцијата.

Дизелот во Octavia RS 2.0 TDI е најсилен мотор од овој вид во RS-модел на Škoda. Во споредба со моделот од третата генерација, моќноста порасна за 16 КС. Моторот со додаток Evo располага со глава од алуминиумска легура, исто и клиповите, кои воедно поседуваат прстени со намалено триење. Трубополначот има водено ладење, а компресијата е повисока во споредба со останатите ево-дизели. Моќноста се пренесува до предната оска преку 6-степен DSG.

https://photos.app.goo.gl/MDnQ9tHd7x6KjqYD6

Погонот на сите тркала ја распределува моќноста преку нова, електронски контролирана спојка со повеќе ламели од шестата генерација. Спојката е 0,8 kg полесна од порано и поефикасна е благодарение на маслото со висока вискозност и подобреното подмачкување. Новата клупна пумпа е задвужувана од DC-електромотор без четкици, со вградена контролна единица, заради подобрување на перформансите на спојката, но и на векот на експлоатација.

Покрај лимузинската изведба е достапна и комби-изведба со доплата од 1.500 евра. Octavia RS стандардно располага со централна воздушна перница напред, подвозје спуштено за 15 mm, избор на програми за возење, црн сјаен финиш за предната маска, рамките на прозорците и капите на ретровизорите, магленки во RS-дизајн, спортски браници RS, камера за рикверц, грејачи во предните седишта, дигитални инстурменти.

https://photos.app.goo.gl/X2eC2iMW2bFVN9CG7

RS се препознава и по црвените сопирачки клешти, тркалата од 18 инчи, спорските седишта со алкантара и лого RS, амбиентално осветлување, електрика и масажа за предните седишта, плус навигација со дисплеј од 10 инчи.

>>> Škoda Octavia Scout меѓу теренец и лимузина