Брзо се работи во денешната авто-индустрија. Škoda пред кусо време доби задача да го пробива патот за целиот концерн Volkswagen на големиот и растечки пазар во Кина, а сега веќе следи и првиот „наменски“ модел за тој важен дел од светскиот пазар, Škoda Kushaq.

Првиот автомобил од проектот India 2.0 што Škoda го зацрта за индискиот потконтинент се вика Kushaq. Името за овој СУВ-модел од средната класа потекнува од санскритот, индиски јазик што е стар илјадници години. Во „јазикот на боговите“ што уште се користи, зборот „kushak“ означува крал или император. Согласно начинот на означување на СУВ-моделите во Škoda, оригиналниот збор е сменет и името на новиот автомобил завршува со Q, по пример на Kodiaq, Karoq, Kamiq. Светската премиера ќе ја очекуваме во март 2021.

Со најавата на Kushaq почнува нова ера за Škoda на индискиот пазар. Сите идни модели што производителот од Млада Болеслав ги планира за големиот азиски пазар ќе се базираат врз платформата MQB-A0-IN. Чешките инженери извршија неколку преправки на платформата, за идните модели да се приспособат точно според барањата и потребите на индискиот пазар.

Kushaq е сериски модел произлезен од студијата Vision IN  >>> Skoda развива модел посебно за Индија

Skoda Vision IN
Skoda Vision IN

Škoda засега го објавува само името и слика на којашто се гледа само контура на покривот. Kushaq се најавува како спој на традиционалните квалитети на марката, односно препознатлив дизајн, висок комфор и безбедност, со исклучителна противвредност и со функции што ги бараат индиските возачи.

>>> Неколку совети од Škoda околу одмрзнувањето на стаклата