Електричната изведба на Volkswagen Touareg ќе располага со погон на сите тркала, со големата батерија ќе постигнува досег и до 700 километри, а цената ќе му биде пониска отколку на изведбата со класичен мотор.

Volkswagen планира електричен СУВ го класата на Touareg, кој би можело да стартува со продажба веќе во 2023 година. Уште се решава околу изборот на новиот модел. Извесно е дека ознаката ќе почнува со ID, но прашањето е дали потоа ќе следи број или име. Волфсбург се двоуми околу идејата, сите електрични автомобили да бидат означени со број.

Причината за отстапувањето од првичната номенклатура е големиот број модели. Поради тоа, електричното ретро-комбе во стилот на VW Bus ќе ја носи ознаката ID.Buzz, односно ќе отсуствува бројка во истата. Големиот СУВ се најавуваше под ознаката ID.6, меѓутоа е можно дека тој ќе се појави во продажба како ID.Lounge. Студијата со којашто VW го најави моделот во 2019 година го носеше името ID. Roomzz.

https://photos.app.goo.gl/n5pnLaSWLxQG7FpdA

Меѓутоа, постои уште еден проблем. Можно е Volkswagen воопшто да не го нуди електричниот Touareg во Европа. Шефот на марката, Ралф Брандштетер, за британски магазин изјави дека автомобилот првично се развива како модел што ќе се продава во Кина. Се размислува дали ID.Lounge ќе биде достапен и на останатите светски пазари.

Како и сите модели од семејството ID, големиот СУВ ќе ја користи платформата MEB

Тоа што е сигурно се однесува на техниката. Како основа за престижниот СУВ на струја ќе користи платформата MEB, исто како и за сите модели од семејството ID. Изгледот јасно ќе укажува дека станува збор за електричен модел на Volkswagen. Напред ќе има широка маска, иако станува збор за електричен погон, а истата ќе биде порабена со светлечка лента горе. Топ-моделите во иднина ќе се препознаваат по тоа што ќе добијат двојна светлечка лента.

https://photos.app.goo.gl/jip9spQMhqoN7LZv9

Бидејќи електричниот погон зафаќа помалку место, во кабината може да се очекува изобилство простор. Трет ред седишта ќе се нуди како опција. Работната средина за возачот ќе биде поедноставна отколку кај помалиот ID.4 и во стилот ќе се раководи според студијата Roomz од 2019 година.

За големиот СУВ тежок 2,5 тони, батеријата од 77 kWh од ID.3 или ID.4 ќе биде премала. Поради тоа, може да се очекува батерија со капацитет од 110 kWh. Заедно со електромотори со врвна ефикасност, максималниот досег ќе изнесува до 700 километри. Погонот на сите тркала би требало да е стандард, со по еден електромотор на секоја оска.

Актуелниот Touareg стартува од околу 60.000 евра. За идниот електричен модел во неговата класа се очекува да чини околу 10.000 евра помалку.

Ауто Шангај 2019: Volkswagen ID Roomzz како подвижна дневна соба

Volkswagen ID Roomzz промет концерн