BMW M5 стандардно излегува од фабрика во верзијата Competition, со екстра динамика и со 625 КС. Кој цени дека и тој степен над „стандардниот“ М5 е недоволен, во иднина ќе може да избере и верзија CS.

Најголемата спортска лимузина на BMW наскоро ќе добие изведба со ознаката што им значи многу на љубителите, како CS. По примерот на M2 CS, петката во оваа изведба ќе добие средишна конзола што е изработена од карбон. Школкестите седишта исто така имаат основа од егзотичниот и суперлесен материјал и потекнуваат од новите M3 и M4. За да се искористи секоја можност за намалување на тежината, хаубата исто е изработена во целост од карбон.

Со сите овие мерки, тежината на M5 CS ќе се намали за околу 70 килограми во однос на стандардниот BMW M5. Во болидите од овој ранг, големо влијание имаат и т.н. небалансирани маси во подвозјето. Кусо, тоа се сите компоненти во подвозјето што се движат при возењето. Затоа во M5 CS ќе се вградуваат ковани тркала, со смалена тежина. Тркалата на тизерите со коишто BMW ја најави премиерата на CS се во златна боја. Тоа ќе биде и заштитен знак на специјалната изведба, затоа што и маската и други детали ќе имаат финиш во златно бронзен тон. Карбон-керамичките сопиралки со црвени клешти соодветно ќе ја заокружат појавата на ексклузивниот CS.

Секако дека ќе се случат неколку промени и под хаубата. Во BMW M5 CS ќе работи V8 со 635 КС и 750 њунтметри. Основата е моторот од M5 Competition. Минхен веќе подолго време работи на развој на новиот S60 V8, но ќе мине уште извесен период додека моторот се најде во сериски модел. Моќниот мотор е предвиден да работи заедно со електромотор – или неколку електромотори.

Премиерата на BMW M5 CS ќе се случи веќе месецов.

https://www.instagram.com/p/CJb6tRTAW7_/